Facebook Pixel Code

Balkan ACT Now! (macedonian)

Од јануари 2018 година, АСТРА и пет други партнерски организации од регионот: Меѓународен форум на солидарност – ЕММАУС (Босна и Херцеговина), Центар за женски права (Црна Гора), Центар за правни граѓански иницијативи (КЛЦИ, Албанија), Отворен Порта Ла Страда (Северна Македонија) и Холандскиот Хелсиншки комитет ја спроведуваат третата фаза од регионалниот проект БАН III – Балканот делува (против криминалот на трговија со луѓе) сега!. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија. Западен Балкан (ЗБ) е регион на потекло, дестинација и транзит кога станува збор за трговија со луѓе и тоа се однесува на сите земји што учествуваат во овој проект. Покрај тоа, сите ко-апликанти од ЗБ во овој проект се лидери во областа на борба против трговијата со луѓе и се борат против организираниот криминал во нивните земји. Тие се активни учесници во развојот на стратегиите и акционите планови на нивните влади, во спроведувањето на промени во политиката, во мониторингот на политиките, а во исто време и обезбедуваат директна поддршка на жртвите. Пристапот на проектот има силна регионална компонента на сопственост и се фокусира на специфични интервенции со цел да се изградат капацитети на граѓанските организации( ГО) од ЗБ и нивните локални партнери да ја анализираат состојбата на терен, да предложат нови решенија, да следат и да известуваат за работата на секторот правда.

Фазата III се заснова на успехот на фазите I и II (воспоставување на силна регионална мрежа на ко-апликанти на ГО; Дизајн на Балканска декларација за сузбивање на трговија со луѓе и експлоатацијата; Дизајн и тестирање на регионална алатка за мониторинг; Развиени се различни предлози во врска со воспоставување механизам за компензација на жртвите, вклучувајќи физибилити студија на државен фонд за компензација, како и модел на Закон за фонд за компензација; Создавање јавни кампањи за подигнување на свеста).

Главен фокус на третата фаза е зајакнување на соработката и капацитетите на институциите и усвојување и спроведување на алатката за мониторинг. Ова ќе овозможи транспарентно и одговорно следење на квалитетот на услуги што им се дадени на жртвите, како и регионална споредба на податоците и услугите и ќе постави предуслови за формирање на идните канцеларии на националниот известувач.

Активности

  • Мрежата на ГО на ЗБ е проширена и ги надгради капацитетите за застапување, анализирање и следење на политиките, изготвување независни извештаи и реализација на национални и регионални кампањи за застапување.
  • Воспоставена е соработка со релевантни државни институции во однос на прилагодување на алатката за мониторинг. Алатката за мониторинг е дизајнирана да одговара на специфични национални потреби и процедури и е усвоена како национален инструмент.
  • Застапувањето за воспоставување и / или зајакнување на институцијата на Национален известувач преку размена на практики и студиски посети.
  • Периодични независни извештаи за спроведување на политика за борба против трговија со луѓе и заштита на жртвите се дизајнирани и презентирани со заклучоци, препораки и најдобри практики од алатката за мониторинг.

Очекувани резултати

  • Алатката за мониторинг и нејзинита повторна употреба низ годините обезбедуваат транспарентност и одговорност за процесот на заштита на жртвите од трговија со луѓе во ЗБ.
  • ГО и јавните службеници кои работат во областа за борба против трговијата со луѓе имаат технички капацитети и можат да го користат стекнато знаење во нивната секојдневна работа. Коперативни односи се градат меѓу ГО и јавниот сектор, што отвора можности за понатамошни иновации и унапредувања во заштитата на жртвите.
Scroll to Top